Drawing crossmatchnet

мрежа за вкрстување пациенти за трансплантации

Поттикнати од проблемите за кои дознавме при нашите контакти со пациентите со бубрежна болест, оние кои одат на дијализа или се на листата на чекање за трансплантација, дојдовме до идеа како да помогнеме на поголем број пациенти, кои слободно кажано и покрај тоа што имаат лек, сепак немаат лек. Ова го утврдивме скоро кај сите, од најмала до најголема возраст. Истото правило, важеше за сите подеднакво.

Започнувајќи од пациентот кој беше десетгодишно дете на кое итно му беше потребна трансплантација на црн дроб, до постар господин на кој што итно му беше потребна трансплантација на бубрег. И двајцата имаа свои донори, но за жал, не беа компатибилни. Ни се појавија многу вакви и слични случаи во текот на разговорите и тоа од сите делови на Македонија.

Истражувајќи го овој проблем пошироко во регионот, дознавме дека истиот проблем го имаат пациентите и од соседните држави: Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Бугарија, и други држави ...

Ова ни беше доволен поттик, НИЕ да започнеме со формирање на база на податоци, која ќе биде составена од доброволно пријавени пациенти кои имаат проблеми со бубрег или црн дроб, имаат и свој донор, но не е соодветен за нив.

Единственото решение за сите нив е да се пронајде соодветниот пар за нив, со кого ќе може да се изведе трансплантацијата.

Колку повеќе пациенти и нивни донори ќе остават свои податоци, толку е поголема веројаноста да се пронајде содветен пар за поголем број пациенти со вкрстување. Oвој метод на вкрстување на пациенти од различни парови познат е како CROSSMATCHING.

Нашата база на пациенти, ќе послужи за формирање на идеална мрежа за полесно пронаоѓање на соодветни парови за секој пациент.

Оваа мрежа започнуваме да ја градиме и шириме со соодветни парови од Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија, Косово, Бугарија и други држави ....